СДСМ бара наместо од март пензиите да се покачат од јануари

Од:

Цветанка Иванова, не сака да биде вовлечена во игрите на коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и затоа  му препушта  на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да обезбеди услови за непречено донесување на законот за бранители во Комисијата за труд и социјална политика.

И покрај укажувањето на Иванова и на пратеничката група на СДСМ, дека нема да се толерира наместената и фингирана наводна војна меѓу коалициските партнери поради билдање на сопствениот рејтинг и дека Комисијата ќе расправа додека не се донесе законот за бранители, Вељаноски го искористи деловничкото право и седницата на комисијата ја закажа за во среда.

На седницата треба да се разгледуваат законите за пензионерите, приметелите на социјална помош и други закони од социјалната сфера.

Иванова денеска изјави дека повеќе нема намера да ја води седницата на која се расправа за Законот за бранители поднесен од ВМРО-ДПМНЕ на која се разгледуваат над 15 илјади амандмани. Таа очекува, Вељаноски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да демонстрираат ист аршин и подеднаква одлучност за Законот за бранители како за серијата други закони од сферата на социјалата.

Иванова не се откажува од претседателското место на Комисијата за труд и социјална политика, но нема намера да ја води Комисијата на чиј дневен ред се амандманите на ДУИ на законот за бранители.

Иванова одби да закаже седница на која би се разгледале овие девет закони со образложение дека најнапред треба да биде донесен законот за бранители обвинувајќи ги притоа владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дека го блокираат законот.

Иванова  информираше дека првиот амандман што ќе го поднесе СДСМ во пресрет на расправата по седницата ќе биде барањето за зголемување на пензиите наместо како што предлага Владата да започне во март 2013 да биде веднаш по донесувањето на законот од 1 јануари 2013 година.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на одговорите на прашањата на Цветанка Иванова

Додека Цветанка Иванова и нејзиното семејство се занимаваат со приватен бизнис, со добивање на наместени тендери и јавни набавки за асфалтирање на улици во Струмица, Владата предвена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 7 години има исклучително многу направено и за правата на пензионерите и за децата без родители.

Во однос на пензионерите, за прв пат во овие 20 години се зголемија пензиите за цели 33% во просек, а најниските се зголемија за над 40%. Во 2006 година најниската пензија беше 4.023 денари, а во декември 2010 година 5.634 денари, што претставува зголемување за 40%. Од јули 2006 година до декември 2010 година просечната пензија се зголеми за 33.5%, од 7.683 денари во 2006 година на 10.273 денари во 2010 година.

Покрај тоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува и многу други мерки што се однесуваат на пензионерите, како на пример, намалување на цените на лековите, бесплатно здравствено осигурување, бесплатен јавен превоз во одредени денови, бесплатно бањско лекување за огромен дел од пензионерите, отворање центри за дневен престој на пензионери. Ова се само неколку од десетината и десетината мерки, кој што Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги воведе, а кој се однесуваат за подобрување на животот на пензионерите во Република Македонија.

Во однос на децата без родители, за 78% е зголемен износот на паричната помош за лице што до 18 години било дете без родители и родителска грижа. Во 2006 година правото изнесувало 3.149 денари, додека заклучно со 2011 година ова право изнесува 5.600 денари.

За 9 пати е зголемена паричната помош за децата без родители. За децата без родители и родителска грижа што по полнолетството ја напуштиле установата или згрижувачкото семејство, еднократната парична помош е зголемена на 180.000 денари, споредено со 20.000 денари претходно.

Поедноставена е постапката за добивање помош за новородено дете.

Воведен е системот за електронски избор на посвоители на деца. Со овој проект ќе се овозможи транспарентен, професионален и одговорен метод за избор на потенцијалните посвоители на деца.

Континуирано се работи на развој на мрежата на згрижувачки семејства во Република Македонија. Згрижувачките семејства добиваат финансиски стимуланси од страна на државата. Конкретната бројка е 140 згрижувачки семејства, во кои се сместени 216 деца.

Отворање на дневните центри за деца од улица во Битола, Прилеп и во Охрид.

Транзитен центар за 24-часовно сместување деца од улица. Во моментот функционираат 2 дневни центри под капата на Министерството за труд и социјална политика и 3 дневни центри за деца од улица, раководени од страна на невладин сектор.

Почитувани

Цветанка Иванова треба да престане со ширење на невистини, да си ја пере сопствената нечиста совест од кочењето на редица закони, од кои директен интерес и бенефит би имале илјадници граѓани.

Цветанка Иванова треба да мери што говори поради тоа што зборува невистина, а со таа невистина го навредува трудот на луѓето кои што сработиле многу повеќе, како и луѓето кои што ги чуствуваат позитивните ефекти од тие проблеми.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов