СДСМ бара локални и парламентарни избори организирани од Влада на доверба

Од:

„СДСМ бара новите избори да ги организира Влада на доверба, која ќе има консензуална поддршка од сите релевантни фактори, за секторите внатрешни работи, финансии и правда.Опозицијата треба да им верува на личностите кои би ги воделе овие избори и дека имаат капацитет, кредибилитет и желба да учествуваат во организирање фер и демократски избори “, ова е еден од изградените ставови на неколку часовната проширена седница на Централниот одбор на СДСМ.

Партијата бара во март истовремено да се организираат редовните локални и вонредни парламентарни избори.

СДСМ инсистира на целосно чистење на избирачкиот список, имплементирање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, засилен меѓународен мониторинг, но и на рамноправна распределба на јавните фондови за реклами во медиумите. Ова беше барање на СДСМ и за претходните избори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните