СДСМ бара итна средба на политичкиte субјекти за позициите во преговорите за името

Од:

Премиерот Груевски и државниот врв на Република Македонија се единствените кои ги знаат деталите од предлогот на медијаторот на ОН, Метју Нимиц, како и позициите на Република Грција, соопшти денеска СДСМ.

Социјадемократскиот сојуз на Македонија и опозицијата, се подвлекува, немаат никакви информации.

– Како и досега целосно сме исклучени од преговарачкиот процес. СДСМ е одговорна политичка партија и вакви прашања, што се од врвен државен интерес, не може да ги коментира врз основа на информации пласирани во медиумите, стои во соопштението.

Во СДСМ сметаат дека македонскиот државен врв итно треба да ги повика на средба сите релевантни политички субјекти во Република Македонија, да ги презентира информациите во каква фаза се преговорите и да ги запознае со позициите на македонската страна во спорот со Грција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?