СДСМ: Банките не веруваат во погрешните политики на Груевски

Од:

„Намалениот интерес за денешната аукција на државни записи и обврзници покажа дека банките, пензиските фондови и осигурителните друштва во Република Македонија не веруваат во Никола Груевски и неговите погрешни економски политики.

Иако беа понудени државни хартии од вредност во висина од 100 милиони евра, реализирани се околу 72.5 милиони евра. Интересот на банките, пензиските фондови и осигурителните друштва беше помал за повеќе од 27 милиони евра.

Но, сепак постои разлика од 11 милиони евра над износот потребен за враќање на доспеаните долгови по основ на државни хартии од вредност, во висина од 61 милион евра, што доспеваат наредните денови.

Разликата од 11 милиони евра над износот потребен за враќање на доспеаните долгови по основ на државни хартии од вредност, СДСМ ќе го третира како можност за злоупотреба на средства за изборна корупција.

СДСМ ќе продолжи да ги брани интересите на граѓаните. Ќе ги искористиме сите законски и демократски механизми за да спречиме изборна корупција и злоупотреба на парите на граѓаните за изборни цели.

Изборите на 24-ти април мора да бидат слободни, фер, демократски и регуларни.“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат