СДСМ: Бадијалџијата Лазаровски да се извини

Од:

„Бадијалџијата Сашо Лазаровски најпрвин требаше јавно да му се извини на градоначалникот Стевчо Јакимовски барем за една работа. На пример, за лагите и манипулациите кои ги зборуваше на своите прес конференции во врска со продажбата на алтернативната општинска зграда“.

Вака реагираат од СДСМ по обвинувањето од ВМРО-ДПМНЕ дека градоначалникот Стевче Јакимовски го одвел буџетот на општината во минус.

„Продажбата заврши, зградата е продадена за 2,8 милиони евра за американско училиште, а не како што лажно тврдеа Лазаревски и ВМРО ДПМНЕ, дека зградата наводно била таксана за некој приватен стопанственик.

Се е лага до лага во ВМРО ДПМНЕ. Во Општина Карпош се што е испланирано согласно програмата, ќе биде реализирано!

Општина Карпош има далеку помал долг од оној кој во наследство на 14 април 2009 година, го остави поранешниот градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Сашо Димиќ, кој патем има 17 кривични пријави.

Нека не берат гајле за Карпош. ВМРО ДПМНЕ нека му ја мисли за Владата која само на фирмите им должи 65 милиони евра.

Општина Карпош со многу помал Буџет и без помош од централната власт има двојно повеќе инвестиции од сите останати скопски општини заедно“, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он