СДСМ: Арсовска за три пати ги намали парите за животна средина, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот

Од:

Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска наместо да ги зголеми ги намалува парите за животна средина. И тоа за три пати помалку.Ова е уште една во серијата погрешни одлуки на Данела Арсовска на штета на скопјани рече на прес конференција Стефан Васев од СДСМ.

-За Секторот за животна средина за 2022 година во Предлог Буџетот на Град Скопје предвидени се 73 милиони денари. Три пати помалку од буџетот за оваа година кога поранешниот градоначалник Петре Шилегов обезбеди 213 милиони денари. Во кампањата, Арсовска ветуваше инвестиции во животната средина и борба против аерозгадувањето. Буџетот за 2022 покажува дека тоа било само една од многуте предизборни лаги на градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Намалувањето на средствата значи сериозен удар врз капацитетите кои се борат против загрозувањето на животната средина, а со ваков пристап на Арсовска, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот, вели Васев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му