СДСМ: Арсовска за шест пати ги намали средствата за субвенции за инвертори, така не се бори против загадувањето

Од:

Ветувањата на Данела Арсовска дека ќе се заложи за борба против загадувањето и заштита на животната средина, сега стануваат лажни предизборни ветувања. Во реалноста, Арсовска крати буџетски средства во секторот за животна средина, поништува еколошки проекти и најавува популистички мерки, рече на прес конференција советничката од СДСМ во Град Скопје, Лилјана Божиновска.

– Покрај тоа што за три пати ги намали средствата за Секторот за животна средина, Арсовска сериозно ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори.Субвенциите кон скопјани за инвертори за следната година се намалени на само 24 милиони денари, шест пати помалку од претходно. Субвенционирањето за набавка на инвертори досега го искористија околу 5.000 домаќинства во Скопје, тоа се 5.000 помалку оџаци кои го загадуваат воздухот. Данела Арсовска наместо да ја продолжи и унапреди оваа мерка, таа крати средства и зборува за неиздржани и популистички мерки, вели Божиновска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?