СДСМ: Арсовска со намалување на средствата за субвенции за инвертори не може да се бори против загадувањето

Од:

„Ветувањата на Данела Арсовска дека ќе се заложи за борба против загадувањето и заштита на животната средина сега се сведени на лажни предизборни ветувања. Арсовска крати буџетски средства за животна средина, поништува еколошки проекти и најавува популистички мерки“, соопшти СДСМ.

„Освен што за три пати ги намали парите за Секторот за животна средина, Арсовска ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори.

За шест пати се намалени субвенциите за инвертори кон скопјани за следната година, односно на само 24 милиони денари.

Мерката за субвенционирањето на набавка на инвертори досега беше искористено од околу 5.000 домаќинства во Скопје, а тоа се 5.000 помалку оџаци кои го загадуваат воздухот.

Ваквиот пристап на Арсовска не може да обезбеди решение против аерозагадувањето.

Арсовска мора конечно да почне да работи, особено на она што им го вети на скопјани, а добрите проекти и еколошки мерки на Петре Шилегов да ги продолжи а не да ги девалвира и укинува“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте