СДСМ: Арсовска покажува неспособност, крати средства за животна средина, укинува еколошки превоз во време кога скопјани дишат загаден воздух

Од:

„Данела Арсовска, градоначалничка од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите 2 месеци не реализираше ниту еден еколошки проект, не презема ниту еден чекор, ниту една мерка за почист воздух во Скопје. Наместо да ги зголеми Арсовска ги намали парите од градскиот буџет за ново зеленило, за паркови, дрвореди. Дури 33 проценти помалку пари за зелени садници предвидува Арсовска во Буџетот за 2022 година“, соопшти СДСМ.

„Нема пари за нови паркови, иако им ги ветуваше на скопјани за време на изборната кампања. Каде се новите паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир? Ги нема.

Дополнително, проектот за еколошкиот и ефикасен јавен превоз, БРТ, Арсовска го прекинува. Иако средства за него се обезбедени и проектот е во интерес на скопјани и почиста животна средина.

Крајно неодговорно е да се намалуваат парите за животна средина, да се намалуваат парите за зеленило, за паркови, за нови садници, да се укинува проектот за ефикасен и еколошки градски превоз.

Арсовска покажува голема неспособност и вака не може да обезбеди чист воздух и здрава животна средина во Скопје“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте