СДСМ: Арсовска не презема ништо за надминување на енергетската криза и ги игнорира ингеренциите на Град Скопје за топлинската енергија

Од:

„Градоначалничката Данела Арсовска секојдневно покажува неспособност да ги решава проблемите на скопјани и основно непознавање на нејзините ингеренции. Наместо конкретни мерки за помош на скопјани во време на енергетска криза и криза со топлинска енергија во Град Скопје, Арсовска не презема ништо, дури нема предвидено ниту денар во Буџетот за помош на граѓаните“, соопшти СДСМ.

„Но, затоа Арсовска постојано се иззема и бара оправдувања за нејзината неспособност и незнаење и при тоа го игнорира фактот дека Град Скопје има ингеренции врз топлинската енергија.

Арсовска, односно Град Скопје има обврска пред скопјани, но и законски обврски и надлежности во делот на енергетиката.

Поточно, Член 151 став 1 од Законот за енергетија вели дека „Заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве дејности:

Производство на топлинска енергија; Дистрибуција на топлинска енергија и Снабдување со топлинска енергија.

Срамно е што Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги заборавија скопјани во време на криза. Ова е крајно неодговорен, нечесен и потценувачки однос на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ кон Град Скопје и неговите граѓани“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар