СДСМ: Арсовска не може да се бори против загадувањето со укинување мерки и намалување средства за животна средина

Од:

„Градоначалничката Данела Арсовска смета дека со мерка која траеше само еден ден како што беше бесплатниот автобуски превоз го решила аерозагадувањето во главниот град. Не постои друго логично објаснување зошто Арсовска ги укинува мерките за спречување на загадувањето на воздухот во Скопје, а нема ниту дополнителни мерки“, соопшти СДСМ.

„Арсовска дури за три пати ги намали парите за Секторот за животна средина, ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори.

Таа истовремено ги укинува и девалвира добрите еколошки проекти воведени од градоначачлникот на СДСМ Петре Шилегов.

Со ваков пристап, Арсовска не може да го реши проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје.

Таа нема ниту знаење ниту способност и покажува крајна неспособност и аматеризам“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби