СДСМ: Арсовска лаже дека ги исчистила депониите, диви депонии никнуваат во Карпош и по цело Скопје

Од:

„Данела Арсовска излажа дека Градот исчистил 150 депонии во првите 82 дена од нејзиниот мандат. Не само што не се исчистени постоечките, туку во секоја општина во Скопје постојано никнуваат нови диви депонии кои Арсовска ги игнорира“, соопшти СДСМ.

„Карпош е само една од многуте општини каде што дивите депонии се неисчистени што може да се види и од фотографиите во прилог.

Арсовска во првите три месеци од мандатот не сработи ништо, не ги продолжува проектите од својот претходните, не реализира ниту свои проекти, градот е нечист и без план за иден развој.

Нивелација на шахти, партизација на Градот и изземање од одговорност, тоа е резултатот на Арсовска во првите три месеци од нејзиниот мандат“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата