СДСМ: Арсовска измислува лажни афери и ги објавува на истата веб страница за која вели дека не работи

Од:

„Данела Арсовска продолжува да измислува скандали и афери во обид да ја сокрие сопствената неспособност и неработење. Згора на се истите лажни афери Арсовска ги објавува на веб страницата на Град Скопје за која вели дека не постои“, соопшти СДСМ.

„Очигледно е дека веб страницата на Град Скопје функционира: https://skopje.gov.mk/.  Тоа што проектот се реализира во фази не е кривично дело, напротив.

Арсовска треба да одговори на граѓаните зошто објавила тендер за хостинг и одржување вреден речиси 10.000 евра и дали тоа не е премногу за овој вид услуга?

Договорот е јавно достапен на Биротот за јавни набавки:

Едно е јасно, секогаш кога Арсовска ќе биде фатена во лага, таа преку институцијата со која раководи поднесува неосновани кривични пријави и измислува афери.

Градоначалничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ наместо да работи на реализација на мерки и проекти, таа бара оправдувања, се крие зад соопштенија и неосновани кривични пријави.

Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје и ниедна измислена афера тоа не може да го сокрие“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби