СДСМ: Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо да бараат алиби за неспособноста, да се зафатат за работа

Од:

„Градоначалничката на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска покажа неспособност со тоа што два месеци од мандатот и поминаа во неработење и правење штета на граѓаните на Град Скопје. Арсовска скандалозно го поништи проектот Бас рапид транзит за еколошки и ефикасен градски превоз на којшто се работеше три години со партнерите од ЕБОР“, соопшти СДСМ.

„Уште поскандалозна е нејзината најава дека нема да ги гради двата нови моста, мостот на булевар АСНОМ и мостот на улица Љубљанска.

Мостот на АСНОМ е во поодмината фаза и Арсовска само требаше да ја продолжи неговата изградба. Мостот го олеснува сообраќајот за Аеродром и Гази Баба.

Мостот на Љубљанска има целосен проект и средства обезбедени од Владата предводена од СДСМ преку ТАВ програмата. Важен за граѓаните на Карпош и Центар.

Со овој прекин на три капитални проекти само поради лични каприци, Арсовска покажува несериозно, нечесно и политикантско однесување кое е исклучиво на штета на интересите на граѓаните, на штета на развојот на Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ не може со невистинити податоци да ја покрие неспособноста, штетното однесување, разрешувањето на директори, прекинување проекти и низа други неуспеси на Арсовска.

Наместо да измислуваат алиби, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се зафатат со решавање на проблемите и конечно да почнат да работат за интересите на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби