СДСМ: Арсовска ги заборави скопјани, но Владата најде решение за топли радијатори

Од:

Данела Арсовска целосно ги игнорираше маките на скопјани околу кризата со топловодна енергија и наместо да помогне преку Град Скопје таа бараше оправдувања. Арсовска уште еднаш покажа дека за неа не се битни интересите на граѓаните туку важни и се само личните и партиски интереси велат во соопштение во СДСМ.

– За разлика од негрижата на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ најде решение кое обезбедува топли радијатори за скопјани.
Со прогласувањето кризна состојба се преземаат мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија и заштита на стандардот на граѓаните. Според постигнатите договори ТЕ-ТО наместо до 21.00 ќе работи до 01.00 после полноќ и со тоа ќе се произведе потребната топлинска енергија. До крај на грејната сезона се планира целокупната произведена електрична енергија од ТЕ-ТО да ја превземе АД ЕСМ со што ке има доволно топлинска енергија за БЕГ“. АД ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работење на БЕГ преку посебна сметка и за истото ке доставува извештаи до Владата. АД ЕСМ веќе поседува лиценци за топлинска енергија. Со одговорен транспарентен пристап Владата предводена од СДСМ не дозволи над 50.000 домаќинствата во Скопје да останат без греење, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер