СДСМ: Арсовска да си ја совлада суетата и ароганцијата и да ги продолжи проектите што ги започна Шилегов за доброто на Скопје

Од:

„Најавите на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за ретерирање во нејзините намери да стопира важни проекти за скопјани во овие околности може да се толкуваат само како купување време и обид за прикривање на сопствената неспособност. Нема оправдување за таквото несериозно и неодговорно однесување на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

„Арсовска треба да си ја совлада суетата и ароганцијата и да ги продолжи проектите што ги започна Петре Шилегов, а кои обезбедуваат развој на Град Скопје. Мостовите се важни за градот, БРТ транспортот е важен за скопјани.

Граѓаните на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ им дадоа доверба и одговорност да ги решаваат проблемите, а не да поништуваат и стопираат капитални и важни проекти.

Да се биде градоначалник на Скопје значи дека треба да се работи за граѓаните, а не да се поништуваат огласи за пожарникари, разрешуваат директори и стопираат проекти“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата