СДСМ: Арсовска да не се правда и да се крие зад соопштенија, да почне да работи и да реализира проекти

Од:

„Наместо да се правда и крие преку соопштенија, Данела Арсовска конечо треба да почне да работи и да реализира проекти. Колку Арсовска и Град Скопје се грижат за чист воздух покажува фактот што сериозно го намалија буџетот на за животна средина и субвенционирање на набавка на инвертори“, реагира СДСМ на соопштението на Град Скопје.

„Факт е дека депониите не само што не се чистат туку и редовно никнуваат нови во секоја скопска општина, факт е дека за три месеци освен нивелација на неколку шахти и поставување мобилни тоалети, Арсовска не спроведе ниту еден свој проекти.

Но нерботењето освен кај Арсовска очигледно е одлика и кај градската администрација, па Град Скопје денеска пласира соопштение и реакција на вчерашна изјава на СДСМ.

Три месеци и беа доволни на Арсовска за да се покаже како најнеуспешен градоначалник на Град Скопје и тоа не може да го покрие ниту едно соопштение на Град Скопје, ниту една прес-конференција од нејзината ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби