СДСМ: Арсовска да каже во кое својство Мицкоски преговара за набавка на автобуси?

Од:

„Градоначалничката Арсовска треба да одговори во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски најавува дека преговарал за набавка на нови автобуси за Град Скопје“, прашува СДСМ.

„Како преговарал Мицкоски за оваа набавка со пари на скопјани? Како Јанушев и Груевски со кинеските автобуси?

Или како Гордана Јанкуловска и Груевски за набавката на „она на М“?

За сите овие криминални и корупциски набавки има предмети пред судовите.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните и за општините и не работат ништо, Мицкоски и 100 пати да прави скапи отчети не може да го сокрие овој факт“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски