СДСМ: Арсовска бега од одговори во јавноста, но не може да побегне од поразот што ќе и го испорачаат Скопјани во недела на 17 октомври

Од:

Од СДСМ преку соопштение реагираат на денешната прес конференција на кандидатката за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.

„Независната“ кандидатка Данела Арсовска на ВМРО-ДПМНЕ два дена бега од одговори во јавноста откако беше фатена жива во голем скандал каде како управител на нејзините фирми направила долг од 54.000 евра за неплатена струја и салата Расадник ја оставила во руинирана состојба.

Толку од чесноста,толку од искреноста, толку од лажното тврдење на кандидатката на Груевски.

Ако може без око да и трепне да прави милионски долгови, јасно е како ден дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со буџетот на Град Скопје.

Тоа е препознатливиот печат на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, нечесно однесување и бегање од одговорност. Тоа е препознатливиот печат на деструктивното ВМРО-ДПМНЕ кое 27 години го опустошуваше Скопје.

Колку и да бега од одговори Арсовска не може да избегне од казната што ќе и ја испорачаат скопјани на 17 октомври, бидејќи упорно и безобразно и потценува и се обидува да ги излаже со стари веќе видени трикови“, се наведува во соопштенето на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби