СДСМ: Арнаудов и ВМРО-ДПМНЕ работат против интересите на граѓаните, ќе има санација на штетите и одговорност

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Љубен Арнаудов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку Љубен Арнаудов и неговите сопартијци навистина се грижеа за интересите на граѓаните, одамна ќе ја увидеа реалната фактичка состојба и ќе инсистираа на одговорност за промашувањата во изведбата на овој проект, но и на одговорност за провизиите од автопатите за кои целата јавност слушна преку проектот Вистината за Македонија. Но наместо тоа, Арнаудов како и досега, продолжува да работи на штета на граѓаните и исклучиво во заштита на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Таканаречените проекти на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата се симбол за криминал, корупција и неспособност. Доказ за тоа се истрагите и обвиненијата за автопатите Миладиновци – Штип, Демир Капија – Смоквица, како и за споменатиот автопат Кичево – Охрид, каде што огромните пропусти во проектирањето и изведбата нанесоа огромни штети врз угледот на Македонија и за чие што санирање дополнително ќе се потрошат над 100 милиони евра пари на граѓаните.

СДСМ, преку Владата што ја предводи, продолжува посветено да работи на спроведувањето на зацртаните реформи што носат добро за сите граѓани. Ќе се санираат сите штети предизвикани од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено ќе има целосна ревизија на сите започнати проекти и за секоја докажана злоупотреба на пари на граѓаните ќе следува одговорност“ стои во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски