СДСМ: Апасиев во параноја, а неговиот заложник Мицкоски во депресија

Од:

Анти НАТО и анти ЕУ протагонистот, Димитар Апасиев е во параноја.По дефиниција параноја е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност. Изнесувањето лажни обвинувања и општа недоверба кон луѓето исто така честопати се дел од паранојата велат од СДСМ.

– Додека Апасиев делува во параноја, неговиот заложник, Христијан Мицкоски е во депресија, се што кажа излезе обратно, се што предвидуваше и се надеваше му пропадна, му се клати фотелјата во Белиот дворец. Мицкоски е човек кој со години зборува само за ново мнозинство кое само што не го постигнал и предврмени избори кои само што не се случиле.Поминаа години, не само што нема ново мнозинство како што најавуваше Мицкоски туку владиното мнозинство ќе се зголемува а нема ниту предвремени избори. Немало досега политичар на македонската политичка сцена кој немал став за клучни прашања за државата а она што го предвидувал излегло обратно. Буквлано се’ му пропадна на Мицкоски. Едно големо ништо се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најавува одбрана од европскиот енергетски шок: Јаглен од Косово и рестарт на ТЕЦ „Неготино“ за да нема поскапување на струјата

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард