СДСМ: Антонио фејк њуз Милошоски – најголем извор на лажни вести

Од:

„Антонио фејк њуз Милошоски се промовира како најголем извор на лажни вести и дезинформации.

Милошоски ја злоупотреби говорницата во Собранието и пратеничките прашања, за да шири лажни вести со што го наруши угледот на Собранието и меѓународниот углед на државата.

Лагите на Милошоски дека наводно бизнисмен бил рекетиран и барал помош во амбасадата на Белорусија во Белград и официјално беа демантирани од Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија“, велат од СДСМ.

„За таквите негови тврдења, во официјалното известување од Конзулатот стои дека „се што беше искажано се едноставно лажни вести“.

Ова е пример за неодговорно и недостојно однесување на Милошоски што не се случува за првпат.

Претходно, Милошоски лажеше дека дури седум земји на ЕУ биле против тоа нашата земја да започне преговори со Унијата, што беше експресно демантирано од високи претсавници на ЕУ.

Лагите на дезинформаторот Милошоски се срамни и се на штета на угледот на државата, на штета на интересите на граѓаните.

Дезинформаторот Милошоски не е достоен да ја извршува функцијата пратеник и мора да поднесе оставка.

Уште еднаш се потврди дека единствената понуда на ВМРО-ДПМНЕ се лажни вести, дезинформации и конструирани случаи против интересите на државата и граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ