СДСМ: Мицкоски е без политички компас, во тотална конфузија

Од:

„Антизападното раководство предводено од Христијан Мицкоски секојдневно покажува дека е без политички компас, во тотална конфузија и нема јасен правец на политичко делување.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот пион на Груевски, треба да одговорат за документите од Службен весник за тоа како компанијата Енерготек ДОО Скопје, во која удел има Мицкоски, од Владата на Груевски добива концесии за користење на вода за производство на електрична енергија на реката Брегалница и на Клепалска река.

Дали антизапдниот и антинародниот Мицкоски знаел однапред дека Владата на Груевски ќе објави повик па затоа наменски формирал фирма, а потоа и конзорциум?

Мицкоски треба да одговори на овие прашања наместо да се обидува преку празни прес конференции да ја оспорува волјата на граѓаните.

Мнозинството граѓани кои излегоа на референдумот јасно порачаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО. Огромно мнозинство пратеници ја следеа волјата на граѓаните и во Собранието го отворија процесот што води во ЕУ и НАТО.

Ова е уште една причина, преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да ги напуштат погубните политики на Груевски и неговиот пион Мицкоски и да се приклучат на процесот во Собранието што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски