СДСМ: Ако ВМРО-ДПМНЕ се грижеа за здравјето на граѓаните немаше да ги кршат мерките

Од:

„Во време кога состојбата со пандемијата со коронавирусот во европските држави, во земјите од регионот и кај нас е алармантна, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со црната кампања против здравството, со деструктивно однесување, барање оставки, опструкции и критики.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски подмолно се радуваат на бројот на починати, во очаен обид политички да профитираат врз грбот на починатите и заболените, врз грбот на нивните семејства, роднини и пријатели“, велат од СДСМ.

„Велат се грижат за здравјето а нивен висок функционер, со изјавите дека ковид-19 е безопасен вирус и дека не треба да се носат маски, поттикнува на непочитување на мерките.

Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижеа за здравјето на граѓаните немаше први да ги кршат мерките и да организираат масовни собири каде не се почитуваа протоколите за заштита од коронавирусот.

Ако толку беа загрижени за здравствените работници, немаше да го кочат заемот од Светска Банка со кој ќе се опремеа 16 ковид центри низ целата државата.

Ако толку се грижеа за јавното здравје, немаше заболените и починати од коронавирусот да ги сведуваат на бројка и статистика и од нив да прават настани на кои им се потсмеваат на жртвите.

Мицкоски не се грижи за граѓаните, се грижи само како да си ја зачува фотелјата во белиот дворец.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, секогаш е на спротивната страна на граѓаните, и затоа уште долго ќе остане во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?