СДСМ: Ако не пријавил пиштол што се друго не пријавува Мијалков кога ја напушта земјава?

Од:

„Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски, ги потврди информациите дека бил приведен на белградскиот аеродром, откако во неговата торба му бил пронајден пиштол.

Ова е нов скандал, по серијата скандали од коишто последен беше со дипломатскиот пасош на Мијалков.

Како Сашо Мијалков успеал да ја помине контролата на аеродромот во Скопје? Кој дозволил Мијалков да помине без да биде проверено што носи?

Кој ќе преземе одговорност што непријавен пиштол бил дозволен во авион?

Кој ја гарантира безбедноста на авионскиот сообраќај?

Дополнително, овој скандал отвора прашање што друго носи во своите куфери Сашо Мијалков кои очигледно поминуваат непроверени во Македонија.

Ако не пријавил пиштол што се друго не пријавува Сашо Мијалков кога ја напушта земјава?

Овие настани уште еднаш ја потврдуваат потребата од темелна реконструкција на државниот систем и институциите во Република Македонија.

Едно е јасно. Се стеснува кругот околу Сашо Мијалков. Од одговорност бегање нема, каде и да оди“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?