СДСМ: Ако МОН лаже, фотографиите не лажат – Учениците учат од распарталени учебници!

Од:

„Ако е вистина дека МОН постојано врши замена на постојните учебници во основното и средното образование, како тогаш учениците сеуште користат пополнети и распарталени учебници?

Ако образованието треба да остане надвор од политиката, зошто воопшто МОН реагира на партиското соопштение на СДСМ „Груевски листа агенди на лаги во скапиот дворец, додека родителите лепат учебници“?

Ако вработените во МОН чесно и професионално си ги вршеле обврските, зарем би дозволиле учениците да учат од распарталени учебници, полни со збунувачки содржини кои служат за потсмев во јавноста?

СДСМ ќе го обнови од темел разрушениот образовен систем и идниот септември сите распарталени и неквалитетни учебници ќе бидат повлечени од употреба и заменети со нови и квалитетни учебници“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот