СДСМ: Ако „Курир“ не се извини, Шекеринска ќе поднесе тужба за клевета

Од:

„Курир“ мака мачи како да го одбрани Никола Груевски кој нарача аболиции за него и злосторничкото здружение преку извршителот Ѓорге Иванов. Граѓаните знаат, Македонија се наоѓа во најголемата криза само за Никола Груевски да не оди во затвор. Предводникот на демократска Македонија, Зоран Заев, никако не може да биде покритие за обидот на криминалното здружение на Никола Груевски да ја спаси сопствената кожа преку неуставни одлуки, велат од СДСМ.

„Претседателот на СДСМ, прв, јавно ја отфрли аболицијата и повика на поништување на срамните одлуки. „Курир“ повторно лаже. Не е точно дека сопругот на заменик претседателката Шекеринска не побарал повлекување на аболицијата. Доколку „Курир“ не се извини за лагите и не го повлече текстот објавен денеска, заменик претседателката Шекеринска ќе поднесе соодветна тужба за клевета и навреда. Лагите на медиумските курири нема да му помогнат на Никола Груевски. Македонија се крена на нозе во одбрана на правдата и враќање на слободата и демократијата“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски