СДСМ: Ако е успешен третманот, а воедно 200 илјади граѓани на Македонија се во депресија што значи тоа?

Од:

Колку се неиздржани тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ покажува соопштението на оваа партија во кое се вели дека постојниот и моментален третман на депресијата во Република Македонија е апсолутно успешен, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за пресот на Гоце Чакаровски.

Ако е успешен третманот на депресија а воедно 200 илјади граѓани на Македонија се во депресија што значи тоа?

Дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се толку нездрави што предизвикуваат депресија кај 200 илјади граѓани дури и со успешен третман!

Погрешните, нездрави политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ги доведоа граѓаните до огромна задолженост и сиромаштија, неперспективност, до работ на издржливоста.

Оттаму е потиштеноста, оттаму несоница, безнадежност, раздразливост, оттаму повлеченост.

Да имаше макар една друга причина за огромната депресија во Македонија, која зафатила 200 илјади граѓани, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја посочеше јасно и гласно. Немаше да прави несоодветни споредби.

ВМРО-ДПМНЕ ни го разболе општеството. Политиките со коишто го управува системот се нездрави.

Личните навреди, дрскиот, некултурен и нечовечен однос на ВМРО-ДПМНЕ, кон граѓаните, особено кон стручните кадри и видни доктори во Република Македонија го покажува степенот на култура во оваа партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски