СДСМ: Ако е некој стар кадар, тоа е Груевски

Од:

По изјавата на премиерот Груевски дека Црвенковски со стар кадар нема да привлече гласачи во Штип реагираа од СДСМ со соопштение.

„Никола Груевски бега од ТВ дуел. Исто така бега од усвојување на уставниот амандман на СДСМ за спречување на застарување на криминалот во времето на приватизацијата. Тоа потврди дека Груевски бега од соочување со сопствената одговорност и со неговиот огромен влог во процесот на македонската приватизација, без разлика дали се работи за Струмица, Велес, Штип.

Ако е некој стар кадар тоа несомнено е Груевски. Доколку не е свесен, уште еднаш ќе го потсетиме дека со тоа што беше 4 години министер во владата на Љубчо Георгиевски и веќе шеста година е премиер токму тој е човекот со најголем стаж во владите на РМ. Благодарение на погрешните политики на премиерот и неговата партија Македонија тоне во економско социјална мизерија“.

Во соопштението се наведува дека Груевски дава лажни ветувања низ примерот со штипската болница.

„За тоа колку Груевски дава лажни ветувања и зборува невистина говори следниот податок. Во 2006 и 2007 тој во штип ветуваше реконструкција на болницата. Откако тоа не го направи, во 2011 и денес ветува изградба на нова болница. Тоа се само четири лажни ветувања на Никола Груевски поврзани само со болницата во Штип“, пишуваат од СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?