СДСМ: Администрацијата денеска работи слободно и во интерес на сите граѓани, партизацијата беше карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Партизацијата, злоупотребата и притисоците врз вработените во администрацијата беа главна одлика на работата на ВМРО-ДПМНЕ којашто 11 години ги злоупотребуваше државните институции за остварување партиски и лични интереси, претворајќи ги институциите и министерствата во свои штабови.

Поради таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон институциите и вработените во администрацијата, Македонија со години беше квалификувана како заробена држава.

Заврши времето кога административните службеници беа злоупотребувани да работат во интерес на партии и поединци.

Процесот на реформи во администрацијата што го спроведува Владата предводена од СДСМ обезбедува ослободување и професионализација на државната и јавна администрација. Постојат предизвици, но се преземаат сериозни чекори кон создавање на функционални институции коишто работат транспарентно и исклучиво во интерес на сите граѓани, а лицата вработени во нив ги извршуваат работните обврски независно и професионално“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски