СДСМ: АД ЕСМ домаќински штеди, додека ВМРО-ДПМНЕ е загрижена за своите партиски војници

Од:

Од СДСМ преку соопштение реагираат на изјавата на Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„АД ЕСМ спроведува мерки за штедење во рамките на својата организација, наместо да наметнува рестрикции за граѓаните и други мерки за широката јавност и тоа е чекор кој треба да се поздрави.

АД ЕСМ не отпушта вработени, и тоа компанијата јасно го соопшти. Користењето на мерката на привремен принуден одмор е законска алатка за привремено намалување на трошоците, додека вработените кои ќе бидат на принуден одмор остануваат и натаму во редовен работен однос, но не извршуваат работни задачи, и примаат 70% плата.

ВМРО ДПМНЕ можеби стравува за дел од своите партиски војници кои ги вдомуваше во државните институции низ годините, а кои немаат допирна точка со стручност и неопходност за работниот процес“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?