СДСМ: 24 декември нè потсетува – режим никогаш повеќе, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Од:

„Пред седум години насилничкото, криминално однесување на ВМРО-ДПМНЕ го создаде еден од најцрните датуми во нашата демократија.

На 24 декември 2012 ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски насилно ги избрка прво новинарите од собраниската галерија, а потоа насилно ги исфрли пратениците од опозицицијата тогаш предводена од СДСМ.

24 декември е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ која ќе кулминира на 27 април со крвавиот четврток и насилниот упад во Собранието“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Денес, ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, партијата се уште е раководена од Никола Груевски, избеганиот криминалец во Будимпешта, а Христијан Мицкоски е само неговиот портпарол.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против интересите на граѓаните.

Со секој нов ден, деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ ескалира, соочени со паниката од извесниот изборен пораз.

Цел ден вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Кочничарска ја блокираа седницата со нелогични и неосновани барања за промена на дневниот ред.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кочат и блокираат бројни закони кои се во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кочат и блокираат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните. Блокираат се што не е по планот на Груевски.

Блокади, кочења, опструкции, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Ниту една мерка, ниту една идеја како да се подобри животот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ значи нестабилност, ризик и враќање на режимот. Затоа граѓаните ќе ги казнат нивните деструктивни политики и на 12 април ќе порачаат Режим – никогаш повеќе“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски