СДСМ: 185 хектари за 150 кози на братот на Миленко

Од:

Фирмата „Натурал фуд“, сопственост на Митко Јовановски и Ратко Неделковски, братот на Миленко Неделковски добиле 185 хектари пасишта, рече на средбата со новинарите Марјанчо Николов и појасни 185 хектари се колку 185 фудбалски игралишта.

И уште добиле 10.000 евра субвенции од државата.

Посочи, на надзорната расправа, не добил одговор дали за земјиштето има распишано тендер, или договорот е во четири очи, што е во спротивност со Законот за пасишта. Не е испочитувана ниту обврската предност за добивање земјоделско земјиште да има месното население.

Николче Ацевски покажа документ дека претседателот на Советот од Новаци, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, бесправно 12 години користи државно земјиште, а Весна Бендевска како најдиректен виновник ја посочи Маргарита Делева, советник за рурален развој во министерството поради, како што рече катастрофалниот капацитет на администрацијата во македонскио аграр не влегоа 50 милиони евра европски пари И за ова, рече Бендевска, некој ќе одговара.

Според Панче Орцев, најповаканиот за контрола на поделба на субвенциите, директорот на инспекторатот, им давал на инспекторите готови списоци каде смеат да контролираат Инспекторите, рече, надвор од овој список не смеат да мрднат.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он