СДСМ: 100 дена нова Влада, државнички одлуки со кои го штитиме стандардот на граѓаните

Од:

Првите сто дена од мандатот на новата Влада предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски поминаа во одговорно им посветено работење и надминување на последиците од економската и енергетската криза велат од СДСМ.

Преземени се навремени и ефикасни мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Уште во првите недели минималмната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а согласно законските рокови следува раст на платите во сите сите сектори. Низ социјален дијалог, договоривме нова методологија со која пензиите од септември ќе растат со рекорден процент. За справување со последиците од кризата обезбедивме дополнителна финансиска поддршка од 1.000 денари за социјално ранливите семејства и за пезнионерите во времетраење од три месеци. Ги намаливме акцизите и ДДВ за нафтените деривати и го укинавме ДДВ-то за основните продукти, денес просечно семејство заштедува околу 4.000 денари поради намалени трошоци за храна, горива и електрична енергија се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“