СДСМ: 100 дена мандат, 100 дена неспособна локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„100 дена ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во најголем број општини. 100 дена во кои ВМРО-ДПМНЕ не сработи ништо за граѓаните ниту за општините. Единственото нешто што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ прават се оправдувања за нивното неработење и партизација на општинските администрации“, соопшти СДСМ.

„Граѓаните сведочат на неработа, недостаток на проекти и барања за финансиска помош додека истовремено се вдомуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ во општинските администрации.

Нивната неспособност постојано ја покрива Владата предводена од СДСМ. Така беше за парното во Скопје, така и со мерките за енергетската криза, општините на ВМРО-ДПМНЕ не преземаа ништо за граѓаните.

Наследија полни буџети и голем број започнати проекти од претходните локални власти и оние поддржани од централната власт, но не реализираа ништо од тоа.

Со нивната неспособност и неработа во првите 100 дена се докажаа како најнеуспешните градоначалници во историјата.

Данела Арсовска е прв пример за неработа. Ништо не сработи во првите два и пол месеци освен што нивелираше шахта постави мобилни тоалети и се прогласи за ненадлежна за се останато.

Скопјани ги остави без парно среде енергетска криза, па Владата презема мерки и обезбеди греење.

Ги излажа скопјани дека се исчистени депониите, а денса нема општина без депонија.

Ако по утрото денот се познава првите 100 дена на градоначалниците најавуваат катастрофа во локалните политики, на штета на општините и граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Парите на граѓаните мора да служат за јавниот интерес, а не за привилегии и лични уживања на власта

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија

Предраг Петровиќ

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија