СДСМ: 100 дена катастрофално владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво

Од:

100 дена ВМРО-ДПМНЕ е на власт во најголем дел од општините, тоа се 100 дена неуспеси и неработење од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.Граѓаните во овие 100 дена од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ видоа само партизација на општините и оправдувања за неработењето порачуваат преку соопштение од СДСМ.

– Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа неспособни и алчни. Тие се грижат само за своите, се грижат за тендери и набавки а бараат пари од Владата за струја и парно. Неспособноста на градоначалниците ја покрива владата, 100 дена само барања за финансиска помош додека се трупаат партиски вработувања по општинските администрации. Ако денот се познава по утрото, првите 100 дена на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат катаастрофа во локалните политики. Наследија функционални општини, полни буџети и започнати проекти, но не реализираат ништо. Тоа со сигурност ги прави најнеуспешни градоначалници кои ги лажат нивните сограѓани и ја изигруваат нивната доверба, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?