А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: 10-годишни лаги на Груевски за наводна изградба на гасоводи

by А1он21/12/2015 - 15:0666
Share0

„Пред заминување, Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ после цели десет години на власт се сетија на проекти од енергетиката, на коишто СДСМ постојано апелираше и доставуваше амандмани во буџетските расправи изминативе години.

Добивај вести на вибер

Најскапот гасовод во Европа и светот, Клечовце-Штип, тежок повеќе од 75 милиони долари, е уште еден проект на власта којшто изеде милиони евра пари на граѓаните.

Уште еден скандал го следи овој фамозен најскап гасовод во светот. Прашуваме дали фирмата којашто е ангажирана за изведба се наоѓа на црната листа на САД и ЕУ?

Скандали ги следат наводните проекти на Груевски, а ефектите од нив скоро секогаш се виртуелни бидејќи граѓаните на Р.Македонија сеуште плаќаат најскап гас во Европа. Преносот на гас по вака висока цена на градба, ќе го поскапи дополнително.

Фалбите на Груевски и власта за виртуелни бенефити граѓаните директно ги почувствуваа по својот џеб, а во последниве години и директно по здравјето oд енормното загадување на воздухот.

Изминативе 10 години се пласираат лаги за наводна изградба на гасоводи.

Македонија е енергетски најзависна земја во ЕУ, со над 70 проценти увоз на енергенси како резултат на виртуелните политики во енергетиката.

Вистинските бенефити од гасоводот, граѓаните вистински ги чувствуваат во Струмица и во Куманово, затоа што СДСМ  ги реализираше првите два гасоводни дистирбутивни системи во Македонија.

Со тоа, Струмица и Куманово станаа првите гасифицирани општини во Р.Македонија.

Во Програмата, една од мерките на СДСМ е природниот гас да биде достапен во цела Македонија преку изградба на дистрибутивни мрежи до сите урбани средини со што граѓаните ќе добијат алтернативен и еколошки енергенс.

Македонија треба да се приклучи кон преносните системи за природен гас на соседните земји како и кон иницијативата за изградба на  ТАП (Trans Adriatic Pipieline), а со цел да добие и обезбеди сугурност и ефикасност во снабдувањето со природен гас, посебно во југозападна Македонија.

Ова се дел од вистиснките проекти коишто на граѓаните ќе им обезбедат евтин еколошки енергенс, природен гас, којшто значително ќе им ги намали трошоците во домаќинствата, како и ќе ја зголеми конкурентноста на фирмите т.е индустријата.

И после 10 години за Груевски мисловна именка е гасифицирана Македонија затоа што Груевски трошеше 630 милиони евра пари на граѓаните во бронза и споменици.

Груевски беше зафатен со екраните и кожната галантерија во мерцедесот од 600 000 евра и немаше време да размислува за гасоводи и како да обезбеди за граѓаните евтин енергенс“, се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски05/09/2025 - 11:4805/09/2025 - 12:24

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

Горан Наумовски05/09/2025 - 10:57

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

Горан Наумовски05/09/2025 - 09:29

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски05/09/2025 - 09:16

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он04/09/2025 - 17:16

СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван, АНБ да ги декласифицира документите

Катерина Ѓуровски04/09/2025 - 09:4704/09/2025 - 11:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен