СДММ Тетово: Колапс во образованието во Тетово

Од:

„Социјалдемократската младина од Тетово искажува револт и најостра осуда за колапсот во образованието во Тетово. Поминаа 15 денови по официјалниот почеток  на учебната година, а во Тетово учебната година де факто не е започната. Гимназијалците кои следат настава на македонски јазик, сѐ уште немаат обезбедено просторни услови за следење настава со кои би им се овозможил нормален тек на образовниот процес. Средното економско училиште прави поправки на подовите во училниците на самиот почеток на учебната година, со што се покажува анархијата и беззаконието во кое се наоѓа образованието.

СДММ упатува протест за неодговорниот пристап на локалните и централните власти кои на средношколците од сите населени места кои гравитираат околу Тетово не им го обезбедуваат загарантираниот бесплатен превоз со што се задира директно во економската немоќ на нивните родители. Ги осудуваме и сите притисоци кои директори и професори ги прават врз учениците од руралните средини по секоја цена да посетуваат настава за да не ги пријават нивните родители, барајќи од нив сами да си го плаќаат превозот.

Хаосот и уривањето на сите вредносни критериуми, братската коалиција на ДПМНЕ и ДУИ најпрво ги засадија во образованието, затоа денес Македонија нема никаков образовен систем. ДПМНЕ и ДУИ единствено се грижат за образованието кога треба да вработуваат несоодветни и неквалификувани партиски активисти во образованието, правејќи најгруба деградација на образовниот процес“, соопштуваат од СДММ Тетово.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски

Тетовчанец и се закануваше на партнерката: „Дај ми пари, или ќе ти го убијам синот“

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски