СДММ Неготино: Дикреторката наместо да се заканува, да овозможи услови во СОУ Св. Кирил и Методиј

Од:

„Директорката на училиштето СОУ Св. Кирил и Методиј не смее да им се заканува на учениците и родителите кои проговорија за нехуманите услови во училиштето. Таа е должна да обезбеди греење и пристојни услови за учење.

На температури кои достигнаа и до минус дваесет под нулата учениците беа приморани да седат на часови во студени училници, со јакни, шалови и ракавици на себе. Учениците носеа сопствени грејни тела, со цел да се стоплат, бидејќи надлежните од училиштето, локалната власт и МОН не презедоа ништо за решавање на овој проблем.

Кога учениците јавно проговорија за овој проблем, директорката на училиштето наместо да преземе конкретни мерки за решавање на ситуацијата, таа се одлучи да упатува закани кон средношколците со цел да ги замолчи.

Директорката на училиштето, Министерството за образование и локалната власт се должни да овозможат нормални, човечки услови за следење на наставата во училиштето“, изјавија од СДММ Неготино.

Би можело да ве интересира

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Водата за пиење во Неготино е забранета за употреба

А1он

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло

Мртов маж е пронајден во близина на Неготино

(ВИДЕО) Крстевска: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Горан Наумовски