СДММ Куманово: На граѓаните не им требаат ветувања од Тодоров, туку решение

Од:

СДММ од Куманово денеска заврши со петицијата за дислокација на Центарот за метадонска терапија на наркозависници, кој се наоѓа во близина на училиште и градинка, во населбата „Гоце Делчев“.

Тие соопштија дека соберале 1.000 потписи, кои ќе ги достават до Министерството за здравство.

-Оваа бројка покажува дека на граѓаните им е доста од секојдневните грозоморни слики од шприцеви и игли. Време е да се стави крај на стравот на родителите за нивните деца кои секојдневно поминуваат тука, за да одат на училиште или градинка-изјави портпаролот на СДММ од Куманово, Марио Доневски.

sdmmKumanovoPeticija

Тој нагласи дека тие не сме против овој начин на лекување и помош на зависниците, но според нив нелогично е ваков центар да биде во непосредна близина на основно училиште и градинка.

-Ги разбираме потребите на тие луѓе, но бараме соодветно место за Центарот за метадонска терапија. Се надеваме дека ова ќе биде последен апел до Министерството за здравство, кое е надлежно за решавање на овој проблем. На граѓаните не им требаат верувањата од министерот Тодоров, туку им треба конечно решение-нагласи Доневски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните