Саздовски го напушти ГРОМ, ќе функционира како независен пратеник

Од:

На првата собраниска седница по локалните избори претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги информира народните пратеници дека Чедомир Саздовски ќе функционира како независен пратеник. По локалните избори се очекува собранискиот состав да претрпи одредени промени имајќи ги предвид оставките на двајца кандидати за градоначалници од албанскиот блок, но и изборот на неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство за градоначалници.

По вториот круг на локалните избори ќе се знае колку нови пратеници ќе има Собранието, но и бројот и составот на пратеничките групи имајќи предвид дека Саздовски беше дел од една од десетте пратенички групи од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Саздовски вчера го информирал претседателот на Собранието Џафери дека веќе нема да биде преставник на ГРОМ во Парламентот туку дека ќе биде независен пратеник.

По првиот круг на локалните избори, пак, извесно е дека членови на пратеничката група на СДСМ повеќе нема да бидат Петре Шилегов, кој стана градоначалник на Град Скопје, Стефан Богоев кој победи во скопската општина Карпош, Сашо Поцков кој е нов градоначалник на Гевгелија и Максим Димитриевски, кој е избран за прв човек на Куманово.

Меѓу пратениците кои ќе бараат глас за градоначалник во вториот круг од локалните избори се и пратениците Бетиане Китев, Благој Бочварски и Курто Дудуш од СДСМ и Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Оставки на пратеничките функции пред изборите поднесоа и пратениците Бардиљ Даути од ДПА и Билал Касами од Беса, кои се кандидираа за градоначланици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Гром уби фудбалер за време на натпревар

Горан Наумовски

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Гром удри жена на плажа во Хрватска – носеше чадор за сонце

А1он

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он