(ВИДЕО) Саздов: Граничната полиција нема вода, струја, а донираните возила скапуваат оти немаат горива

Од:

Независниот синдикат на полицијата обвинува дека граничната полиција е на работ на егзинстенција, изолирана, без комуникација со другите служби на МВР, но и без вода и струја. Портпаролот на синдикатот, Дејан Саздов, рече дека тие биле на состаноци со министерот Оливер Спасовски за да се најде начин за подобрување на состојбата на вработените во МВР, но ништо конкретно не превземал. НСП го обвини Спасовски и дека спречува синдикално здружување, оти овој синдикат не е дел од колективниот договор на МВР.

„Вработените се со позајмена униформа, кој како се снашол. Чешките панталони, словачките дотраени чизми и полските блузи ги презентиравте, а потоа ги „сокривте“. Личното оружје е постаро од 50 години. Што ќе ни се современи возила кога немаме тендер за сервисирање на истите? Да не спомнуваме дека во месеците јануари и февруари, за возилата немаше ниту гориво. Против колегите кои јавно се дрзнаа да го обелоденат овој проблем, го употребивте најефикасното оружје на Чавков и Јанкуловска, контроверзното Упатство за социјални мрежи, кое претходно го споревте. Бидејќи поминаа скоро две години од вашиот мандат може да заклучиме дека и Вие продолжувате како и во изминатиот период од 15 години постоење на граничната полиција, кој за жал е преспан”, вели портапоролот на синдикатот Дејан Саздов.

Независниот синдикат на полицијата се жали дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги игнорирал и оспорувал.

“Со оглед на фактот дека НСП го губи трпението за непревземање и непостапување по дадените инструкции ќе побараме одговори, а доколку треба и правни разврски како од државниот инспекторат за труд, но воедно и од Народниот правобранител. Бараме веднаш да постапите по закон и јавно да не известите дека нѐ приклучувате во креирањето на новиот Колективен годовор за вработените во МВР”, додава портаролот Саздов.

За состојбата во МВР, НСП ќе ја извести Европската Унија и Советот на Европа кој изготвува мислење за отпочнување на преговори во ЕУ. Целта на ова известување ќе биде да се укаже дека во Министерството за внастрешни работи не се почитуваат ниту основните работни права на вработените.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он