Сателитски трансмитери поставени на млади царски орли

Од:

Пет сателитски трансмитери беа поставени на млади грабливки птици од видот царски орли во Македонија од страна на унгарско орнитолошко друштво во соработка со Здружението за зучувување на природата „Аквила” од Кавадарци, а со дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Се работи за млади царски орли кои се пред полетување.

Трансмитерите се напојувани од соларни келии и можат со години да испраќаат точни координати за движењето на облежаната птица.

– Со трансмитерите очекуваме дека ќе добиеме податоци за териториите на миграција кои досега се потполно непознати, но и за проблемите со кои младите орли најчесто се среќаваат,рече Емануел Лисичанец од „Аквила”.

Добиените резултати ќе се користат за зголемување на популацијата на овие птици, но и на другите загрозени видови.

Царските орли се евроазиски глобално загрозен вид.

– Според најновата се уште необјавена ДНК студија на видовите, македонските царли орли сочинуваат единстцена ендемична под врста, така да нивното зачувување е многу поважно отколку што досега се мислеше, рече Лисичанец.

Царските орли во Македонија се гнездат во централниот и јужниот, претежно степски дел од земјата. Најчесто на големи дрва во низините или речните долини, но во последно време поради недостаток на погодни дрва се гнездат и на високонапонските далекуводи.

Главни фактори на загрозување се перманентното уништување на стаништата, сечењето на погодните дрва, а со тоа намалување на можностите за гнездење, недостатоик на храна заради интензивно хемиско третирање на полињата, смртност од струен удар заради необезбедените електрични столбови, хаотичната нелегална употреба на отрови, вознемирување.

Само 10 проценти од малите птици доживуваат полова зрелост, формираат двојки и се размножуваат.

– Заради тоа од исклучителна важност е да се добијат релевантни податоци и сознанија за нивното движење и опасностите со кои се среќаваат во првите години од животот, нагласи Лисичанец.

Би можело да ве интересира

Учителка од Кавадарци шпионирала колешка кај директорката на училиштето

Обвинение за кавадарчанец кој со тесла си го уби братот на негов роденден, тајно го закопа и се обиде да го прикрие убиството

Насилници од Кавадарци претепаа брачен пар, па им го демолираа и домот

Горан Наумовски

Пијан кавадарчанец престигнал седум возила што биле застанати на црвено

Горан Наумовски

„Камен“ пијан кавадарчанец возел „застава 101“ и учествувал во сообраќајка

Горан Наумовски

Момче од Кавадарци е осомничено за вонбрачен живот со малолетничка