Недозволиво: Со лажна адреса станал советник на ВМРО-ДПМНЕ во Центар

Од:

Советникот во општина Центар, Сашо Трпески од ВМРО-ДПМНЕ иако одамна не живее во Центар, не се одјавил од адресата на која повеќе не живее само да се кандидира како советник во општината.

Трпески, согласно законот за локална самоуправа не ги исполнува основните услови за советник во општината, односно нема право да ја врши оваа функција од причина што во реалноста не е жител на општина Центар.

Како што може да се забележи на официјалната страна на општината, Трпески како свое место на живеење ја пријавил адресата на „Митрополит Теодосиј Гологанов“ или поранешна „Иво Лола Рибар“, но А1он по извршената проверка утврди дека тој веќе десетина години е отселен оттаму.

14938087_10211038926678744_676624795_n

Станот бил продаден, а Трпески иако се отселил и станал жител на друга општина, поточно во општината Карпош, не ја променил личната карта за да може да се кандидира и да биде советник во Центар, иако е тоа спротивно со законот.

14936957_10211038926918750_1064066790_n

14958515_10211038926998752_1367546602_n

Според податоците до кои дојде А1он од државните институции, Трпески преку лажна адреса станал советник во општина Центар и веќе втор мандат незаконски ја врши оваа функција. Според документацијата од „Агенција за катастар на недвижности“ како сопственици на станот кој се наоѓа на адресата која Трпески ја пријавил за свое живеалиште се јавуваат сосема други лица зошто станот на улица „Иво Лола Рибар“ каде што тој некогаш живеел е продаден и повеќе не е во негова сопственост.

А1он дополнително ја провери адресата која ја има наведено Трпески како негова, но на вратата на станот како и на поштенското сандаче, не стои името ниту презимето на советникот туку на брачниот пар кој го откупил станот од Трпески. Како дополнителен доказ дека Трпески не ја променил адресата на живеење по неговото отселување е избирачкиот список на Државната изборна комисија каде стои дека тој своето право на глас го врши на избирачкото место со број 2846 во Центар како и сите останати жители на улицата „Иво Лола Рибар“.

14937788_10211038926958751_561607823_n

А1он денеска побара изјава од советникот Трпески, но тој не сакаше воопшто да разговара за ниедна тема ниту пак да дава изјави.

14958551_10211038926878749_1612530349_n

Согласно Член 46 од Законот за Локална самоуправа, мандатот на Трпески како советник во Општина Центар треба да му биде одземен поради тоа што не ги исполнува условите, а на негово место да дојде следниот од листата на ВМРО-ДПМНЕ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории