Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Од:

Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општата болница Куманово.

Стошевски сè уште не го зел решението за назначувањето и најави официјална изјава во текот на утрешниот ден.

Министерот за здравство Арбен Таравари вчера по посетата на семејството на младиот кумановец кој почина по примена терапија, во изјава за медиуми информираше дека го разрешува д-р Стефан Трајановски, укажувајќи дека ДЗСИ констатирала неправилности во болницата за што е разрешен Трајановски, а најави и дополнително испитување од официјалната комисија за утврдување на лекарска грешка.

Стошевски е магистер на економски науки, а 17 години е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски