Сашо Стефановски ќе го води ВМРО-ДПМНЕ во Центар

Од:

Триесети пет годишниот охриѓанец Сашо Стефановски е новата надеж на ВМРО-ДПМНЕ да ги поправи работите во општина Центар.

Стоматологот по професија, направи вртоглава политичка кариера во ВМРО-ДПМНЕ. Од партискиот подмладок, се опроба како државен секретар во министерствата за локална самоуправа и одбрана и сега е се уште актуелен директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Сашо Стефаноски, е избран за нов претседател на ОК Центар на ВМРО – ДПМНЕ. Што не и оди на партијата во Центар, па за четири години смени четврорица претседатели?

Томи Лазаревски, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, на позицијата претседател на Општинскиот комитет го замени директорката на Детска клиника Аспасија Софијанова, за набрзо таа функција да ја врши и советникот Илија Иљовски.

Во 2013 година ВМРО-ДПМНЕ ги загуби изборите од коалицијата предводена од СДСМ, градоначалник по три круга стана Андреј Жерновски и мнозинство во Советот СДСМ. Катастрофално лош резултат во Центар, ВМРО-ДПМНЕ имаше и на последните предвремени парламентаарни избори.

И сега свртеа многу имиња, и многу личности ставија на анкета за да видат со кого најдобро би поминале на локалните избори . Но според сите анкети и личности, актуелниот градоачалник Жерновски води со неколку кратна разлика.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ