Сашко Николов, неофицијално е новиот градоначалник на Штип

Од:

Сашко Николов од СДСМ, неофицијално, е новоизбраниот градоначалник на Штип, на предвремените локални избори. Тој добил најголем дел од гласовите на жителите, а во трката учествуваше со уште четири кандидати. Потврда за ова, сеуште нема од Државната изборна комисија која ги брои гласовите. На изборниот ден е исполнет и цензусот, односно, гласаа повеќе од една третина од запишаните гласачи. Од 41.777 запишани гласачи, своето право го оствариле 14.328 граѓани или 34.30 отсто.

Во партиското седиште на СДСМ во Штип веќе се собираат членовите и поддржувачите на кандидатот Николов, за да му ја честитаат победата. Заедно со кандидатот, присутни се и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Сашко Николов по професија е кардиолог и работи во Клиничката болница во Штип, каде е основач на Одделот за интервентна кардиологија.

За градоначалничкото место се бореа и независниот кандидат, Трајче Митев кој ги собра потребните 260 граѓански потписи, Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО, Гоце Ангелов од новата коалиција „Иднината во наши раце“, а составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија и Интегра чиј кандидат е долгогодишниот жител на Штип, родум од Африка, односно од Нигерија, Симеон Поликарп-Џими.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ немаше кандидат на изборите во Штип, откако Извршниот комитет на партијата одлучи да не учествува на нив. Ваквата одлука ја правдаа со бројот на заразени и починати лица како последица на коронавирусот.

Предвремените избори во градот беа закажани откако претходниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, стана министер од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он