Саше Политико: Минчо Јорданов ме нападна и ми го скрши телефонот

Од:

Саше Ивановски – Политико вечерва бил нападнат од страна на бизнисменот Минчо Јорданов по завршувањето на настанот за одбележување 20 години од постоењето на „Макстил“, каде како гости беа и вицепремиерот Кочо Анѓушев, претседателот Ѓорге Иванов и амбасадори.

– Ме нападна и ми го скрши телефонот. Бев и го пријавив во полиција.Јас по настанот му пристапив на Јорданов со намера да му поставам неколку прашања. Тој се согласи, но кога го прашав за изградбата на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ од страна на неговата „Бетон“ и зошто им ја подари, ми се нафрли да ме напаѓа, па други бизнисмени го држеа за да ме одбранат. Тој се обидуваше да ми го земе телефонот со којшто снимав, и на крај успеа, па го стави во џебот, па се тргавме за телефонот и на крај бодигардите ме исфрлија. Телефонот потоа ми го вратија искршен, изјави Ивановски за А1он.

Ивановски вели дека Јорданов реагирал и кога го прашал дали се плаши од истрагите на СЈО за тендерите за Скопје 2014, од каде неговата ДГ Бетон АД, Скопје наплатила над 216 милиони евра.

Би можело да ве интересира

По кривичната за Марјан-Доказ, кривични од Канал 5 за Саше-Мактел и Рубин-Народен глас

А1он

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Саше Политико: Криминалците Ѕинго и Стојменов не може да бидат газди на национални телевизии

Ана Ололовска