Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Од:

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал 5 илјади евра за истражување и набавка на информации од неколку компании за кои Јорданов бил заинтересиран да ги откупи, а новинарот иако не завршил никаква работа му побарал уште пари велејќи дека вложил голем труд во истражувањето на сопствеништвото и соработниците на фирмите.

– Потребни ми беа податоци за фирмите, беше време на приватизација и бев заинтересиран за одредени фирми и нивните соработници. Ми го посочија Божиновски како човек кој врши истражување и анализи, не се сеќавам кој ми го кажа, најверојатно некој мој пријател. Веднаш му дадов 5 илјади евра, но по 3 месеци без никакви резултати се сретнавме во една кафеана каде му кажав дека сакам да прекине нашата соработка, а тој ми побара да му доплатам уште пари, вели Јорданов.

Оваа соработка за која Јорданов и Божиновски немаат потпишано никаков договор, како што вели Јорданов, се случила по 2010 година.

Откако била прекината соработката, по раскажувањето на Јорданов, Божиновски на својот портал почнал да објавува невистини и афери за Јорданов меѓу кои и аферата за нелегална продажба на органи.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Ванг призна дека е кинески агент, доби максимална казна од 10 години затвор

Сменет руски заменик-министер ја заобиколи ФСБ преку Минск и Тбилиси, па наводно пребега во Америка

Иран погуби наводен израелски шпион

Русинка е осудена дека била руски шпион во Естонија

Британија 20 години бараше руски двоен агент во МИ6

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали