САС на МПЦ-ОА: Кој, ако не македонските архијереи и верниот народ се избори за возобновениот автокефален статус на древната Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква

Од:

„Во врска со гласините и предлозите што можат да се слушнат периодов, а во контекст на (зло)употребата на светителите во дневнополитичка конотација, должни сме да дадеме конкретно објаснување. Имено, светителите се оние кои, поради нивната љубов кон Бога и нивниот животен подвиг, ја исполниле Христовата порака ‒ сите едно да бидеме (сп. Јн 17, 21). Следствено, иако секој од нив потекнува од конкретно место и е изнедрен од конкретен народ, сепак нивното значење и нивното делување не се ограничува само на еден простор, туку тие имаат подеднаква важност за сите народи коишто ги почитуваат. Затоа, неприфатливо за нас и понижувачко за нив е нивното ставање во тесни национално-политички рамки“, велат од САС на МПЦ – ОА.

„Така, на пример, светите браќа Методиј и Кирил, со целокупното нивно дело, го озариле целиот словенски свет со светлината на Христовото евангелие, па затоа сите словенски народи имале и имаат можност на својот јазик да сведочат за тоа Евангелие. Поради нивната посветеност и самопрегорност во мисионерската и просветната дејност, признаени се дури и за ко-патрони на цела Европа. Значи, дејноста на светите браќа, како и на сите светители, се протега врз целиот човечки род, и секое нивно омеѓување и прославување само со некои, а не со сите кои го почитуваат нивното богоугодно дело, ќе значи обид за ограничување, а со тоа и обид за обезначување на истото.

Исто така, кога е во прашање Охридската Архиепископија, треба да се знае дека, без разлика кој седел на Охридскиот трон или до каде се протегала нејзината јурисдикција во текот на историјата, нејзиното паство најпостојано и најбројно го сочинувале македонските верници. И никој друг освен Македонците не го чувал и зачувал споменот за древната Охридска Архиепископија како за своја Мајка Црква и никој како Македонците не се обидел да ја обнови нејзината дејност. А имале можност! И, конечно, кој, ако не македонските архијереи и верниот народ во Македонија, се залагаше и, еве, се избори за нејзино вклучување во единство со останатите Православни Цркви, како и за возобновениот автокефален статус на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква.

И на крајот, никогаш да не заборавиме како ги опеа Прличев оние коишто некогаш помагаа во уривањето на древната Охридска столица!“, се наведува во соопштението на САС на МПЦ – ОА.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата